По повод 25-годишнината од излегувањето на првата книга (1987), Издавачката куќа „Ѓурѓа“ распишува Конкурс за годишна Награда „Ѓурѓа“ за необјавен роман. Правото на учество на конкурсот не е ограничено, а еден автор може да учествува со едно дело. Ракописите треба да бидат напишани на македонски јазик, со неговото кирилско писмо. Со правилата на Конкурсот е предвидено ракописите да се примаат до 30 ноември 2012 година.
Изборот на романот на годината на „Ѓурѓа“ ќе го изврши селекторот академик Катица Ќулавкова.  Нејзината одлука ќе биде објавена најдоцна до 14 јануари 2013 година (Василица), а промоцијата на печатеното издание и врачувањето на Наградата ќе се одржат на Саемот на книгата во Скопје 2013 година.
Наградата се состои од Златен медал за најдобар роман, ликовно уметничко дело од македонски автор и 100 илјади денари авторски хонорар.

По  повод 25-годишнината од излегувањето на првата книга (1987)
Издавачката куќа ЃУРЃА распишува

КОНКУРС ЗА ГОДИШНА НАГРАДА „ЃУРЃА“
за необјавен роман

Правото на учество не е ограничено;
Еден автор може да учествува со едно дело;
Ракописите треба да бидат напишани на македонски јазик, со неговото кирилско писмо.
Ракописите да не бидат пократки од 5.000 редови од по 75 карактери, ниту подолги од 10.000 редови;
Ракописот мора да биде потпишан со полно име и презиме на авторот и телефонски број за контакт;
Ракописите се испраќаат со препорачана пошта во еден примерок, отпечатен на хартија, формат А-4, придружен со електронска верзија Word file. Ракописите испратени само во електронска форма нема да бидат разгледувани;
Ракописите не се враќаат;
Ракописите се примаат до 30 ноември 2012 година;
Изборот на романот на годината на ЃУРЃА ќе го изврши селекторот академик Катица Ќулафкова.
Доколку ни еден од пристигнаите ракописи не ги задоволува критериумите на селекторот, наградата нема да се додели;
Одлуката на селекторот ќе биде објавена за време на Саемот на книгата во 2013 година, кога ќе бидат претставен авторот и печатеното издание;
Наградата се состои од Златен медал за најдобар роман, ликовно уметничко дело и 100.000 денари авторски хонорар;
Авторот ги задржува авторските права, а издавачот ЃУРЃА во наредните пет години ги поседува издавачките права без ограничувања.

Ракописите да се достават на следната адреса:
ТНИД „ЃУРЃА“
Ул. Ленинова, бр.  74а 1/1
1000 Скопје