Акварели од Ванчо Ѓорѓиевски


Проектот "Кич, да!?/ Сте или не?/" од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Македонија, продолжува со уште една поставка. Изложбата на акварели од Ванчо Ѓорѓиевски ќе се отвори денеска во 19 часот во Ликовниот салон при Домот на културата Иван Мазов - Климе" во Кавадарци.

Изложбата е дел од проектот Акварели во чест на Љубомир Белогаскии на Музеј на град Скопје, по повод 100 години од раѓањето на Белогаски и 20 години од формирањето на Галеријата "Љубомир Белогаски".

Цента на проектот "Кич..." е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња од македонската и светската ликовна уметност.

Извор: Вечер