Најновата книга на македонскиот писател Владимир Плавевски "Вистински приказни" ќе биде промовирана вечерва (19 ч.) во Кинотека. За книгата ќе зборуваат Илинденка Петрушева и Тодор Кузманов, драмската интерпретација е на Снежана Конеска - Руси, а ќе бидат проектирани извадоци од македонски филмови кои се тематски поврзани со расказите на Плавевски.
Вистински приказни" содржи 14 раскази кои се однесуваат на вистински настани и личности од македонскиот филм и театар: Петре Прличко, Тодор Николовски, Шишков, Бранко Гапо, Дарко Дамески, Ацо Алексов, Ненад Стојановски, Димитар Христов, Душко Костовски, Илија Милчин, Андреј Бељан, Марија Исаја, Боре Ангеловски... Секој текст е проследен и со уметничка фотографија на главниот лик во расказот, направена од авторот на книгата.