Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам", денес (19 часот) ќе се отвори изложбата на студентите од Факултетот за ликовни уметности. Настанот е организиран по повод јубилеите 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски и 100 години од раѓањето на Љубомир Белогаски. На изложбата ќе бидат изложени дела од студентите на Факултетот за ликовни уметности од трета и четврта година.

Изложбата ќе ја отворат Маја Крстевска, директор на Национална галерија на Македонија, Јован Шумковски, декан на Факултетот за ликовни уметности и Елизабета Канческа - Милевска, министер за култура на Република Македонија. Настанот го организираат Министерството за култура на Република Македонија, Факултетот за ликовни уметности и Националната галерија на Македонија.