Деновиве започнаа истражувањата на локалитетите "Исар" и "Баргала" кај Штип. Археологот Звонко Белдедовски вели дека на тврдината "Исар" истражувањата се кај Стара Кланица, каде што е откриена црква и некропола, а се претпоставува дека станува збор за средновековниот храм "Свети Власие".

"Со досегашното истражување на оваа локација се доаѓа до сознание дека станува збор за средновековна градска некропола. Откривме неколку врвни конструкции изведени со камени блокови од поранешни антички објекти. Имаме и материјал кој датира од бронзено и железно доба, па се до ранотурскиот период, вели Белдедовски. Тој додава дека по откриените артефакти на локалитетот на тврдината "Исар" ќе бараат истражувањата да продолжат и наредните години, бидејќи не е истражен делот каде што се наоѓаат предавателите на телевезиите.