РАБОТИЛНИЦА ЗА АНАЛИЗА И СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ ЗА РАЗВОЈ НА 
КУЛТУРАТА ВО РЕГИОНОТ ПЕЛАГОНИЈА

Во перидот од 04 до 07 април во Битола, ќе се организира работилница за Анализа и стратешко планирање за развој на културата во регионот Пелагонија, како прв обид во Македонија да се воспостави план за развој на културата на ниво на регион.

Нa оваа работилница ќе се работи на  анализа на потребите, недостатоците, потенцијалите во полето во култура во општините од регионот Пелагонија, креирање на регионална визија и цели за развој на културата во регионот и креирање на одредена методологија за изработка на стратегија и план за културен развој.

На неа ќе земат учество триесетина учесници, претставници на културниот сектор од сите 9 општини на Пелагонискиот регион (претставници на општините одговорни за култура, претставници на јавните културни институции, здруженија на граѓани, независни уметнци, занетчиски здруженија итн.) кои  активно работат во општините на Пелагонискиот регион.

Работилницата е дел од активностите планирани за 2011 година на програмската целина за Културна политика и културна размена од проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и регионот Долна Нормадија од Франција.
Лидери на оваа програмска целина се Локомотива - Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје (Македонија) и CRECET - Centre Régional de Culture Ethnologique et Technique de Basse-Normandie (Регионалниот центар за култура, етнологија и техника на Долна Нормадија).
Партнери во реализација на програмските активности во Македнија  се Центарот за регионален развој на пелагонискиот плански регион, општина Битола и Министерството за локална самоуправа.

Работилницата е програмски уредена и ќе биде модерирана од страна на Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова (Локомотива, Скопје) и Кристина Кујунџиќ (експерт и соработник од Србија).
Покрај Кристина Кујунџиќ, на работилницата како поканети експерти и презентери ќе учествуваат: Маријана Цветковиќ (Србија), Пјер Шмит, Одри Пулмие и Реми Приве (Франција), Биљана Прентоска и Драгана Ќурчоска (Министерство за кулура на Република Македонија).

Во текот на оваа година како дел од активностите на програмската целина во текот на месец јуни во Долна Нормадија ќе се организира уште една работилница за градење на професионални капацитети во институциите за култура во Долна Нормандија и на локалните културни актери со цел да се зголеми степенот на нивна интернационална соработка во доменот на културата и користењето на вондржавни интернационални фондови за култура.

Проектот за Децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормадија е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.

Aктивностите во рамките на проектната целина за Културна политика и културна размена се посветени на развој на културната политика (креирање на стратегии за локален/регионален културен развој), децентрализацијата во културата, поттикнување на партнерска соработка помеѓу националните, локалните институции и граѓанскиот сектор, како и поттикнување на уметничка размена и мобилност помеѓу Р. Македонија и Долна Нормандија.

Со почит,
Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова