Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески


Прашање од Гоца : За најмногу 96 часа јас треба да пратам 20 копии од писмо што го добив од една другарка!!!А во него е објаснато како некојси кинески монах, ја објаснува ”СРЕЌАТА”...!!Тоа писмо треба да го пратам на мои 20 сакани личности за среќа!!!!Толку многу се изреволтирав на самата себе што воопшто и се потрудив да го прочитам писмото и се осеќам како да ме изигра ”ПРИЈАТЕЛКАТА”..а јас сум личност која постојано е со молитвите кон нашиот единствен Господ Исус Христоси непрекинато се молам на Него секој ден.Ова за мене беше збунувачки и бидејки сите што ми се пријатели си ги сакам.Мое е мисленје дека ова е само игра, и не сакам на никого да го пратам!!!Васе мисленје???

”ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ,СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ НЕ НАС ГРЕШНИТЕ!!!

Одговор:


 Вистинската среќа е да се сретнеме со Бога , а тоа ќе го направиме преку познатите искуства на светата православна практика, која се темели на Евангелието и искуствата на светите оци - пост , за да се очистиме од страстите и да го разбистриме умот кој е окупиран
од суетата на овој свет, -п окајание за да ги симнеме гревовите наши кои не држат во мрак и  непрепознавање на доброто и злото, -молитва /лична и соборна/ за да ја истакнеме нашата силна волја за да се сретнеме со Бога.
Ако бидеме истрајни во ова тогаш  Он ни се дава и преку светата причест и преку својата благодат за да почуствуваме и да разбереме што е вистински мир и што е вистинска радост за човекот. 
Господ нека ве дарува со мир и радост и нека ве чува во добро здравје!