логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 2 март 2011 (МИА) - Изложбата насловена „MUNICIPIVM STOBENSIVM“ - Римската монетарница во Стоби ќе биде отворена денеска во Музејот на Македонија.

Со оваа изложба пред македонската јавност првпат ќе бидат презентирани оригинални монети од времето на 11 римски императори. На изложбата ќе бидат презентирани 176 монети исковани во периодот од 73 г.н.е., кога монетарницата почнала со своите активности до 217 г.н.е., кога нејзината активност во потполност замрела. Се работи за бронзени монети за локална употреба.

Автор на концепцијата за изложбата и на текстот на каталогот е м-р Перо Јосифовски, нумизматичар.

Изложбата ќе ја отвори академик Вера Митракова Грозданова. мд/скс/9:58



Поуки од Светите Отци

krusevoexport