логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во среда, 2. март 2011, со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, ќе биде отворена ретроспективна изложба на фотографии од проектот “Поинаков поглед” реализиран во периодот 2007-2010 од Македонскиот центар за фотографија со поддршка на Швајцарската програма за култура Западен Балкан.

На изложбата ќе бидат прикажани фотографии на повеќе од 300 млади автори, фото документи од активностите опфатени со проектот и фотографии од курсот по модна фотографија.

Истата вечер ќе биде промовиран и документарниот проект “документ.дете” на авторот Моника Мотеска реализиран во соработка со ученици од о.у. Димитар Миладинов од Скопје. Изложбата “документ.дете” содржи 34 фотографии снимени со тројна експозиција. 
 
За дополнителни инфорамции контактирајте го МЦФ на тел. 071 30 99 93 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .


Лице за контакт: Лидија Пајевиќ



Поуки од Светите Отци

krusevoexport