Ве известуваме дека на 14 декември 2010 година (вторник), во 12 часот, во Ликовниот салон на МАНУ, ќе се отвори Јубилејната изложбата - 100 Години од раѓањето на македонскиот историчар на уметност  и ликовен уметник  Димче Коцо.
Оваа година МАНУ во соработка со Националната галерија на Македонија, и целата наша културна јавност, ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Димче Коцо (1910-1993). 
 Сто години е убав повод за повторно да ги разгледаме уметниковиот живот и кариера и  пак да го преоцениме неговото место во историјата на уметноста во нашата земја
Роден е на 10 октомври 1910 година во Охрид.
Извесно време  го посетувал Уметничкото резбарско школо во Охрид. Потоа истовремено почнал да го посетува  уметничкото занаетчиско училиште  во Белград и да студира Историја на уметност на Филозофскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1936 година.
Во 1945 година се враќа во Скопје и го иницира формирањето на Народниот музеј во Скопје и  работи како негов директор а истовремено почнува да предава историја на уметност на Филозофскиот факултет во Скопје.
Активно дејствува и како ликовен уметник на полето на сликарството и скулптурата а особено  на цртежот  таписеријата.
Член е на ДЛУМ од 1945 година.
 Како историчар на уметноста и ликовен критичар, објавил повеќе статии од областа на  средновековната уметност, современата уметност како и археологијата.
На изложбата ке бидат презентирани шеесеттина дела на Димче Коцо (таписерии, масла, акварели, цртежи и скулптури)
       Голем број дела се наоѓаат во Националната галерија на Македонија, во Музејот на современата уметност во Скопје, во МАНУ, како  и во  потесното семејство на Димче Коцо.
Автор на јубилејната изложба:  Димче Коцо, 100 години од раѓање е Славица Алексоска, виш кустос  во Националната галерија на Македонија.
Изложбата се реализира во соработка со Македонската академија на науките и уметностите и е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.
За делото на Димче  Коцо ќе говорат   академик Георги Старделов, претседател на МАНУ,  академик Цветан Грозданов и госпоѓа Маја Крстевска, директор на Национална галерија на Македонија,


Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА