логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Њујорк, 12 ноември 2010 (МИА) - Македонскиот пијанист Симон Трпчески ќе биде првиот Македонец кој како солист ќе настапи на големата сцена на една од најпрестижните светски концертни сцени – Карнеги Хол во Њујорк. Заедно со Балтиморскиот симфониски оркестар и неговиот шеф-диригент, водечката светска жена зад пултот Марин Олсоп, утревечер ќе го изведат Концертот за пијано и оркестар бр. 3 на Прокофјев.

- Карнеги Хол како институција, како историја и како убавина на сала заедно со сите карактерни црти што му ги овозможува на еден уметник е дефинитивно престиж и голема мотивација. Можноста да настапи во неа е чест за еден уметник кој мора да ги исполни критериумите за концертирање во големата сала на Карнеги. Така, ова е еднакво на сон. Веројатно еден од многуте соништа за кои докрај не сум ни свесен дека сум ги отсонувал. Како дете, како студент нормално е потајно да си помислиш: дали некогаш воопшто ќе имам можност да појдам таму да ја видам, а не пак да свирим во неа; какво би било чувството... Сега кога доаѓам до еден таков момент сигурно дека чувството е убаво... Се надевам дека ќе оставам добар впечаток за повторно да се вратам во истата сала, изјави Симон Трпчески за Македонското радио пред најновиот концертен предизвик, подвлекувајќи ја можноста и на овој начин, како минатогодишен лауреат на наградата „13 Ноември“, да им го честита празникот на своите сограѓани.

Како своевидна предигра кон настапот во Њујорк, есенската серија концерти на Трпчески донесе вообичаено амбициозна динамика: по настапите низ Бразил, Ирска и Кина, следуваше повторно настап со Холандскиот радио-филхармониски оркестар во Утрехт со концерт директно пренесуван на радио и интернет и уште четири концерти со Брабантс оркестарот, потоа серија рецитали што стартуваше во Велика Британија и Италија, а и оркестарски настап во Бордо, Франција, на што се надоврзаа и двата концерта на матичната сцена на Балтиморскиот симфониски оркестар и диригентката Олсоп (11. и 12. ноември).

На рециталот во Милано во рамките на престижните „Музички вечери“ својата италијанска премиера ја доживеа и делото „Песни и шепоти“ од Панде Шахов, а вистинско надополнување на таа „македонска вечер“ беше и присуството на еден од најпознатите Македонци во светот, фудбалерот Горан Пандев.тц/са/8:27



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная