Скопје, 16 март (МИА) - Со филмот „Препаратор“ на режисерот Матео Гароне, снимен во 2002 година, Кинотеката на Македонија вечер го почнува циклусот „Прозорец кон италијанскиот филм“, во чии рамки до недела ќе бидат прикажани уште пет филма од најновата италијанска продукција.

Од утре на програмата се филмовите: „Ако се сака, се може“ во режија на Џулио Манфредониа (2008), „Мојот брат е син единец“ на Даниеле Лукети (2007),  „Од кого различен?“ на Умберто Ричони Картени (2009), „Како што налага бог“ во режија на Габриеле Салваторес (2008) и документарниот „Видеократија“ на Ерик Гандини (2009).

Од 22-ри до 26 март Кинотеката ќе прикажува филмови на француски јазик во рамки на Недела на франкофонијата. хс/са/9:20