ИНОФОРМАЦИЈА
за видео презентацијата на фотографскиот циклус “СКАЛИЛА”
од ИРЕНА ПАСКАЛИ

Почитувани,

Ве известуваме дака на 24 февруари 2010 година (среда), со почеток во 12 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе биде одржана видео презентација на најновиот фотографски циклус “Скалила” на македонската уметница Ирена Паскали. На презентацијата ќе биде застапено и видео делото со истиот наслов.

Овој најнов фотографски циклус на Паскали е работен во 2009 година и пермиерно беше прикажан во Галерие им Турм во Келн, како и во неколку други европски галерии истата година.
И во овој циклус Паскали бара / инсистира на нови визури, нетрадиционални фотографски глетки и агли, на кои што понатаму ќе им “додаде” нови, проширени толкувања. Ако во поранешните фотографски дела тоа беа возбудливи панорамски линеарни исечоци од екстериерот, сега таа влегува во вриежот на просторот - во самиот “центар на светот” - во импресивните спирални визури на скалилата и нивните можни атрибуции. Но во скалите како некаков (навидум прозаичен) секојдневен симбол Паскали гледа и друго значење, друга насока: имено, насоката горе може лесно да се преобрати, да се трансформира во насока - долу! Дали ова двојство, како впрочем и секое друго во животот, го имаме предвид при нашето настојчиво искачување? И токму ова двојство, покрај другото, веројатно е поентата на овој проект на Ирена Паскали, токму таа двонасочност е нејзината цел.

         Ирена Паскали (1969, Охрид) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје 2000-та година, а магистрирала на Академијата за медиски уметности во Келн 2007 година. До сега изложувала на бројни самостојни и групни изложби во Македонија и во светот. Живее и работи во Скопје и Келн (Германија).

Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА