Конечно на македонски јазик е издадена книга од најчитаниот, најнаградуваниот и најбараниот светски стручњак за маркетинг, проф. Филип Котлер. Професорот Котлер работи на Универзитетот Нортвестерн, во државата Илиноис. Докторант е на Универзитетот Харвард, а почесен доктор по економски науки е на Универзитетите во Њујорк, Чикаго, Вашингтон, Стокхолм, Цирих, Атина, Виена, Будимпешта, Токио, Париз, Лондон и Краков. Добитник е на сите светски позначајни награди и признанија. Советник е во многу држави во светот, а на владите им помага во развојот и позиционирањето на нивните компании во глобалната економија. Член е на економскиот тим на новиот американски претстедател Барак Обама. Што се однесува до книгата која ќе биде промовирана и за првпат на македонски јазик, светските медиуми и критичари од областа на маркетинг-менаџментот ја оценија како книга со која Котлер е неспорен основач на модерниот маркетинг, како ги редефинира основните концепти во маркетингот, неговите предвидувања за наредната деценија околу менувањето на техниките и пристапот во маркетингот и управувањето на компаниите. Како што и самиот вели: маркетингот не е уметност со која само ќе се бараат форми за продажба на производот. Маркетингот е уметност на создавање автентични потрошувачки вредности. Автор е на триесетина книги и стотици статии во сите значајни економски и бизнис списанија.

Во поднасловот на книгата, Котчер наведува дека истата ги содржи осумдесетте поими што треба да ги знае секој менаџер, а заинтересираните ќе може да го проследат неговото предавање кое ќе се одржи на 21 септември во Скопје. (Н.П.)Утрински весник