буковски
 Хенри Чарлс Буковски е поет и писател од Лос Анџелес, а неговото пишување е под географско и атмосферско влијание на неговиот роден град.

Напишал повеќе од 50 книги и безброј помали текстови. Неговиот стил има влијание врз современите автори и често е имитиран. Тој има богат опус од илјадници поеми, стотици кратки раскази и шест новели.

Но, пред да стане писател тој има поминато декади во работење на неславни работни места – мијач на садови, возач на камион, работник на бензинска бумпа, магационер, паркинг придружник, оператор на лифт и службеник. Ова богато искуство му дало многу материјал како искуство од реалниот свет што го води понатаму до литературна слава.

Во 1993 на возраст од 73 години покојниот писател направи пауза од снимањето на неговата аудио книга „Run with the hunted” за да размисли за неговиот живот. Некои од тие мисли се анимирани за да потсетуваат дека најлесниот пат не неопходно најубавиот.

 Објавено на 01.05.2017 во категорија Култура
Подготвил: М.Д.

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/17-05-01/parche_inspiracija_od_charls_bukovski.aspx