логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

БЛЕСОК: промоција на поемата „ПРЕСУДА“ од ЏАБИР ДЕРАЛА
(18 декември 2014, 21:00, МКЦ Клуб ресторан, Скопје)

На 18 декември (четврток), во МКЦ Клуб ресторан, од 21 часот, Џабир Дерала заедно со Мирослав Стојановиќ – Шуки, како дел од проектот Криптохроматик, ќе ја промовира поемата „Пресуда“, издание на Блесок. Криптохроматик е проект кој во себе ги обединува и од себе ги зрачи стиховите, зборовите, музиката и сликите на Џабир Дерала и Мирослав Стојановиќ – Шуки.

„Пресуда“ е поетско остварување на Џабир Дерала во издание на „Блесок“, триесет и петти наслов од едицијата „Бореа“. Се работи за поема која авторот Дерала ја пишува цели две години (1991-1992), а финалниот облик ѝ го дава во 2014 година. Поемата е објавена во книга од 80 страници, илустрирана со слики и цртежи на мултимедијалниот уметник Мирослав Стојановиќ – Шуки.

Проектот Криптохроматик сè уште е тајна, но еден дел од него ќе ѝ биде откриен на скопската публика на 18 декември во Клубот МКЦ. Тогаш, дел од стиховите на поемата ќе бидат претопени во мултимедијалниот перформанс на тандемот Дерала – Стојановиќ.

„Пресуда од Џабир Дерала е силна поема која ја допира темата за потрагата на идентитетот во единката, судирот на поединецот со светот околу себе, а сето тоа во едно пред-митолошко време во кое личностите се жртвуваат за некое божемно добро на колективот. Горчливо, но таквата состојба ја сведочиме и ден-денес, во нашето и во сите други општества“, изјави Игор Исаковски, првиот човек на културната установа „Блесок“.

Проф. д-р Катарина Колозова за ова дело пишува: „Пресуда е веројатно најдрамската и најфилософската поема на македонски што сум ја прочитала. Длабоката ерудиција од областа на трагичката структура на текст и метрика се пресликува во речиси метричкиот стих на Дерала. После преводите на Михаил Петрушевски, македонскиот јазик никогаш не звучел така возбудливо како во стиховите на Пресуда“.

Авторот е активист за човекови права, атеист, мултимедијален уметник, писател, поет, колумнист, сценарист, издавач, продуцент. Основач е на Цивил, организација за човекови права и слободи.


Поуки од Светите Отци

krusevoexport