логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  Kratok.f.Manaki.jpg

Кратки филмови од ФДУ Скопје на фестивалот за филмска камера “Браќа Манаки”

  Kratok.f.Manaki.jpg


Во среда, 17.09, на 35-тото издание на фестивалот за филмска камера "Браќа Манаки" во селекцијата Македонска панорама  ќе бидат прикажани кратките играни филмовите "Аудиција", "Враќање" и "Шекспирова 9/1" и документарниот филм "(Вон)земјанинот Ли".

"Аудиција", "Враќање" и "Шекспирова 9/1" ќе можете да ги погледнете од 11 часот во Големата сала, а додека "(Вон)земјанинот Ли" во Малата сака од 22 часот.

Филмовите "Аудиција", "Враќање", "(Вон)земјанинот Ли" се во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје, а додека "Шекспирова 9/1" е копродукција помеѓу Факултетот за драмски уметности и Круг Филм.

"Аудиција", "Враќање" и "Шекспирова 9/1" се реализирани со средства од Филмскиот Фонд на Р. Македонија.

  Kratok.f.Manaki.jpg

  Kratok.f.Manaki.jpg

За време на проекциите ќе бидат присутни авторите на сите 4 филма, како и претставници од ФДУ и Круг Филм.

Повеќе информации за филмовите на следниве линкови:
Аудиција: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page136.html
Враќање: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page135.html
Шекспирова 9/1: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page133.html
Вонземјанинот Ли: http://www.manaki.com.mk/mk/program/page141.html

Со почит,
Факултет за драмски уметности
 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport