На Интернет ќе се отвори деноноќно училиште за руски јазик
0:05 18 jули 2014

Во Русија ќе започне со работа интернет-училиште за руски јазик за странци, изјави минитерот за образование и наука, Дмитриј Ливанов за време на седницата на Советот за руски јазик при владата на РФ.

„Тоа ќе биде интерактивен образовен интернет-систем во кој учениците ќе комуницираат меѓусебно и со своите предавачи. Таквото училиште ќе работи деноноќно“, изјави Ливанов.

Исто така, се работи и на создавање ресурс кој ќе ги собере најдобрите електронски програми за руски јазик за претшколска возраст и за учениците во основните и средните училишта.