Ве информираме дека во Нацоналната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 21 мај 2013 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори VI Младински пролетен салон, во организација на едукативниот сектор на Националната галерија на Македонија.

Темата на овогодишниот Салон е насловена КРУГОТ и ќе бидат презентирани ликовни видувања на младите со застапеност на сите видови техники од сликарството, графиката, вајарството како и новите визуелни уметности.

На VI Младински пролетен салон ќе земат учество ученици од дваесетина средни училишта од земјава, како и два факултети.

Младинскиот пролетен салон е најдобра можност младите таленти да ги остварат своите уметнички замисли во еден професионален амбиент.

Наотворањето за најуспешните ќе бидат доделени и пригодни награди и дипломи.

Изложбата ќе биде отворена до 2 јуни 2013 година.


Со почит,

 

Национална галерија на Македонија