Нововостановената меѓународна книжевна награда „Табернакул“ за 2012 година, истоимената издавачка куќа вечерва ќе им ја додели на познатите писатели Милан Кундера и Љубивоје Ршумовиќ. Доделувањето е во хотелот „Александар палас“ со почеток во 18 часот, при што беседа за Милан Кундера ќе одржи Ферид Мухиќ, а за Љубивоје Ршумовиќ, Венко Андоновски. Предвидено е и обраќање на Љубивоје Ршумовиќ.

Воедно, ќе бидат промовирани и книгите „Завеса“ и „Средба“ од Кундера и „Буквар на детски права“ од Ршумовиќ. (К.Б.)