Одговори на Вашите прашања  

Одговара: отец Горан Тасески

  Одговор: 
 Човекот Бог го создаде како слободно разумно битие кое донесува одлуки со својата слободна волја , но и ги сноси последиците од својот избор, значи има одговорност и дава отчет  за секоја постапка во неговиот  живот. Човекот кој се оддалечил од Бога заради својата наклонетост кон светската суета заличува  на мало дете кое неслушајќи ги своите родители се изгубило и е во бунило за да направи било што за негово добро.  Покајанието заради нашите гревови и молитвата кон Бога се почеток на нашето духовно општење со Бога, или упатување на изгубеното дете во вистинскиот правец за да се најде со својот родител. Средбата со Бога е како средба на изгубеното дете со својот родител .
 Оваа средба во човекот буди сигурност, стабилност, избистрување на умот и срцето од страв бунило и несигурност.Таквиот човек донесува одлики кои се уедначени со Божјата волја. Бидеќи има силна доверба во Бога и се предава на Божјата волја со својата слободна волја, затоа што силно верува дека Бог промислува за него она што е најдобро...

Повеќе: Како да одлучиме кој ќе ни биде животен сопатник?

http://preminportal.com.mk/content/view/6875/127/