Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, по повод направената канонска визитација на Австралиско-новозеландската епархија, свикува прес-конференција на ден 12. 05. 2010 г. (среда), во просториите на Македонска Православна Архиепископија во Скопје, со почеток во 11 часот.

Со почит

Од кабинетот на
 Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски
 г. Петар