svadba.Bogorodica.jpg

 

На 31.10. 2009 година, во 12ч. во  храмот  Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ќе се одржи групна венчавка.

На оваа  второ по ред  групно венчавање во овој храм,  може да се венчаат  сите верници кои веќе стапиле во граѓански брак, но од разни причини досега не се венчале в црква. Сите двојки ќе добијат подарок осветена икона со ликот на Пресвета Богородица, а за највозрасната брачна двојка е предвидено изненадување.

По тој повод се повикуваат сите верници кои имаат желба, а досега немале можност, да се венчаат во црква да се пријават лично во самиот храм кај парохиските свештеници или на бројот                             02 3227-165         02 3227-165     

 svadba.Bogorodica.jpg

 

Скопје, 26 октомври 2009 год.