В среда вечер, на 15 април, со почеток во 20 часот во НУЦК Антон Панов во Струмица ќе биде изведена премиерата на претставата ТИБУРСИО И СИНФОРОСА од Коле Чашуле во режија на Горан Тренчовски. Ова е праизведба на драмскиот текст на Чашуле кој претставува весела сказна во три дела со епилог од животот и приклученијата на карипската дипломатија. Во оваа гротескно-сатирична претстава учествуваат актери од различни генерации: Крсте Јовановски, Ванчо Мелев, Васил Михајлов, Зора Георгиева, Оливера Аризанова, Коста Ангов, Стојан Велков, Ангелина Тренчева, Коле Черкезов, Кире Ѓоргиев, Јасмина Вучкова, Ване Василев, Бранко Бенинов, Ванчо Крстевски, Ален Нанов, Томе Ментинов и Благој Грнчаров. Сцената и костимите се на Милена Пантелеева. По повод премиерата, режисерот Тренчовски изјави:
-Ако историјата циклично се повторува и ако таа на Балканот се поправа мошне често, тогаш протагонистите од оваа претстава во еден миг трагикомично се фаќаат во стапица при што старите и младите не се разликуваат по занаетот, туку по приодот кон владеењето во демократската џунгла.