sluzba.pokrov3.jpg

Во црквата „Пресвета Богородица“ в сабота ќе се одржи групна венчавка. На првото венчавање во новоосветениот храм може да присуствуваат сите верници кои веќе стапиле во граѓански брак, но од разни причини досега не се венчале в црква. Сите двојки ќе добијат подарок осветена икона со ликот на Пресвета Богородица, а за највозрасната брачна двојка е предвидено изненадување.


Во Пресвета Богородица


Повик за групна црковна венчавка



Во возобновената катедрална црква "Пресвета Богородица" што се наоѓа на платото кај старата меѓуградска станица, спроти МАНУ, в сабота на 25 октомври 2008 година ќе се организира групно венчавање. По тој повод се повикуваат сите верници кои имаат желба, а досега немале можност, да се венчаат во црква да се пријават лично во самиот храм кај парохиските свештеници или на бројот 02 3227-165. Во повикот се вели: "Благочестиви христијани. Сите верници кои од разни причини не се венчани во црква, а се во граѓански брак, во новоосветениот храм на Пресвета Богородица - Скопје се организира групно венчавање. Сите брачни двојки ќе добијат по една осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар ќе има посебен подарок"
Посебно, возвишено чувство на сите служби и литургии дава новиот црковен хор во кој членуваат млади школувани пејачи.

(Е.А.)


 25. 10. 2008 - Групна венчавкавовозобновената црква „Пресвета Богородица“

Денеска првпат ќе се одржи групна венчавка во возобновената црква „Пресвета Богородица“, што се наоѓа на платото кај поранешната меѓуградска автобуска станица, спроти МАНУ. На првото венчавање во новоосветениот храм ќе присуствуваат 35 двојки што веќе стапиле во граѓански брак, но од разни причини досега не се венчале в црква. Сите двојки ќе добијат подарок осветена икона со ликот на Пресвета Богородица, а за највозрасната брачна двојка е предвидено изненадување.

Градот ќе подари 70 свежи венчиња за сите учесници во групната венчавка.