На ден 21. 06. 2008 година, сабота, Повардарската епархија ќе организира групно крштевање во водите на реката Бабуна. Чинот на светата тајна – крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Пријавувањето на заинтересираните за групната крштевка ќе се врши во Повардарската епархија секој ден од 08.00 часот до 16.00 часот. Крштевањето ќе биде бесплатно, а право на пријавување ќе имаат сите некрстени лица, постари од 15 години.