Polihimnija3

               Од 20 - 23.04. 2024 год. во Скопје по деветти пат ќе се одржи Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2024. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот ќе се обиде да ги обедини најдобрите музичари и уметници од регионот и пошироко. И годинава фестивалот ќе опфати: меѓународен натпревар за сите инструменти и камерна музика, семинари и концерти.
             Фестивалот ја започна својата историја во 2016 година како Фестивал и натпревар по камерна музика и флејта за веќе од наредната година да прерасне во една голема манифестација која во натпреварувачкиот дел ги содржи сите музички дисциплини и инструменти.
                Идејните творци на оваа манифестација - Николина Е.Тодоровска - проф. по флејта и камерна музика и Верица Шотаровска - проф. по пијано и камерна музика со секој изминат фестивал создаваа бренд кој стана препознатлив на овие простори и пошироко и кој стана синоним за вистинска уметност, знаење и професионалност. Овој фестивал ги надмина границите на балканските земји и во неговата реализација се вклучија еминентни имиња од многу европскки земји ( Италија, Франција, Шпанија, Германија , Турција ) како и од САД.
             Низ сите овие години се одржаа многу концерти и стручни предавања од областа на класичната музика и едукација, а учениците имаа можност преку семинари и мастер класови да работат со исклучителни педагози на својот инструмент.

Polihimnija4
            Овој фестивал освен што го негува македонското творештво со награда за најдобро отсвирено македонско дело годинава ќе додели и признание за најдобро изведена композиција од Томислав Зографски и славење на неговиот јубилеј. Исто така фестивалот се обидува секоја година во своите редови да има македонски уметници кои успешно работат и творат надвор од границите на Македонија и кои се докажни професионалци - Симон Трпчески, Хајди Елзесер, Милица Шкариќ, Дарко Костовски, Елена Стојчевска, Калина Мрмевска, Маја Стојановска, Надица Ристиќ - Симовиќ и др.

Polihimnija2


          И годинава Здружението на музички педагози Полихимниа заедно со семејството на проф. Јасминка Чакар ќе додели парична награда и плакета "Јасминка Чакар" за најдобро отсвирено дело од Фредерик Шопен.
Останатиот фонд на награди се состои од : Лауреат на Натпреварот и доделување на награда за солистички концерт на отварањето на X Меѓународниот натпревар Полихимниа 2025г. , парични награди за најдобрите тројца натпреварувачи на “Музички надежи”, награда за учество во Ерасмус + Мобилност , награда за најмлад најуспешен натпреварувач и награда за учество на семинар.
Годинава мастер клас ќе одржи проф. Ива Љубомирова - флејта од Националната музичка академија "Панчо Владигеров" од Софија, Р.Бугарија.

Polihimnija1
                       Уметноста а посебно музиката е најдобриот амбасадор на една земја а манифестации од ваков вид, кои ја носат европската музика во македонските концертни сали треба да бидат подржани од државата и културата на една земја која сака да биде дел од европското па и светското музичко милје. Музиката како дел од културата и уметноста ги надминува политичките, етничките и граничните бариери и ги прифаќа различните дострели на националните и етнички колективи и ги интегрира во еден континуиран и безвременски уметнички процес.
Полихимниа е нашата " музичка Европа " во Македонија.

Polihimnija
https://www.polyhymnia.com.mk/#header
https://www.facebook.com/zmp.polihimnia
Редакција Преминпортал