ПОКАНА ЗА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ

                На ден 27 јуни 2019 година  (четврток) во просториите на Јавна Соба во Скопје со почеток во 11:00 часот,  претставници на ромските заедници од Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ, Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе, НВО КХАМ и Иницијативa за развој и инклузија на заедниците - ИРИЗ ќе одржат конференција за печат на тема „Како до унапредување на превентивната здравствена заштита за жените, мајките и децата од Ромската заедницата? “.

                На конференцијата за печат ќе говорат претставници од ромската заедница во Шуто Оризари, Делчево и с. Црник – Пехчево и претставници од Здружение ЕСЕ, Романо Чачипе, КХАМ и ИРИЗ.

                Ромите во Р. С. Македонија се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Имено, новороденечката смртност помеѓу Ромите е за 1,5 пати повисока за разлика од Македонското население во 2017 година. Во истата година речиси 50% од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23% кај останатото население.

                Превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможување здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население.  Меѓутоа жените, мајките и децата Роми од општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, се соочуваат со проблеми во пристапот до превентивната здравствена заштита. Клучни детектирани проблеми се следните: недоволен опфат со посети од патронажни сестри, недоволен опфат со здравствена едукација, недоволен опфат со систематски прегледи за децата вон образовниот систем, недоволен опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози. За големината на проблемите говорат податоците од ромските населби во општината Шуто Оризари. Во општината работат само две патронажни сестри, што не е доволно за соодветно спроведување на посетите за време на бременоста и по породувањето. Над 450 деца не посетуваат редовно образование, а само 40 од нив се опфатени со систематски прегледи. Во Ш. Оризари покани за ПАП тест според Програмата за скрининг, НЕ добиле 96% од жените Ромки, додека на 81% од жените матичните гинеколози им наплаќаат за здравствени услуги кои се бесплатни. Исто така на 64% од жените Ромки од Делчево, Виница и Пехчево  матичните гинеколози им ги наплаќаат здравствените услуги.  Додека 99% од жените Ромки од Виница НЕ добиле покана за ПАП тест.

                На настанот граѓанските организации ќе ги претстават и своите барања за унапредување на утврдените проблеми

Лице за контакт:

Здружение ЕСЕ – Борјан Павловски

             тел. 02/ 3298–713, 02/3298–295,  e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.