Во периодот од 5 до 7 октомври 2018 година, во рамките на манастирскиот комплекс „ Рождество на Пресвета Богородица" во Калишта, ќе се одржи јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) , Архиепископскиот црковно-народен собор (АЦНС).

На овогодишниот АЦНС , на дневниот ред ќе бидат неколку измени во Уставот на МПЦ-ОА од административен карактер , разграничување на границите и бројот на епархиите, разгледување на состојбите и животот во епархиите на нашата света Црква, како и одредување на ставови по одредени прашања од внатрешен и надворешен карактер.

Соборот е составен од делегати од сите епархии на МПЦ-ОА , и во него членуваат Архиепископот надлежните, викарните и пензионираните архиереи, по две лица од клирот и три лица од верниот народ од секоја епархија, вклучително и дијаспората, игумените на манастирите „ Свети Наум Охридски" - Охрид и ,,Рождество на Пресвета Богородица" - Калишта, претставник на монаштвото , Деканот на Богословскиот факултет „ Свети Климент Охридски" и Ректорот на Средното богословско училиште, старешината на Соборниот храм „ Свети Климент Охридски" во Скопје.

Одржувањето на Соборот е во годината кога Црквата и верниот народ во Република Македонија прославуваат 60 години од возобновувањето н а Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога се одбележува 1 ООО-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија, кога ќе се чествуваат и 75 години од Свештеничкото заседание во с. Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун , Кирил и Методиј.


Ве замолуваме, Вашите медиуми да го проследат овој значаен и свечен настан за МПЦ-ОА и македонскиот народ. Воедно, Ве замолуваме и за повратна информација за присуството на екипа од Вашиот медиум на
следните електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Во продолжение следи Програмата на Соборот: 


ПРОГРАМА
АРХИЕПИСКОПСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР
6-7 октомври 2018 година


6 октомври 2018 година (сабота):
10:30 -Почеток на заседанието на Соборот / голема сала, х. , Изгрев", Струга;
15:00 - Конференција за претставниците на медиумите ;
18:15 - Свечена Академија/ Катедрален храм на охридските архиепископи „Света
Софија", Охрид (говор на Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископ охридски и
македонски г. r. Стефан) ;


7 октомври 2018 година (недела):
09:00 - Света Бо:жествена архиерејска литургија / Катедрален храм на охридските
архиепископи „Света Софија", Охрид (беседи: митрополит Повардарски , r.
Агатангел) ;

Од
Канцеларијата на
Архиепископскиот управен одбор на МПЦ-OA