Центарот за стратегиски истражувања (ЦСИ) при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со задоволство Ве известува дека на 11 септември 2018 година (вторник), со почеток во 10:00 часот во Свечената сала на МАНУ ќе се одржи научната расправа на тема:

 

„СПОГОДБАТА ОД ПРЕСПА: МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ И ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

           

Расправата се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Провремената спогодна од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Спогодба од Преспа) и на општестветниот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена. Инкорпорирањето на Спогодбата со нејзината ратификација во правниот систем на Република Македонија налага и неопходност од научно толкување на нејзината содржината и објаснување на нејзините импликации врз правните поредоци на договорните страни, но и врз билатералните и меѓународните политички, дипломатски, економски и други односи.

Учество на расправата ќе земат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на органите на власта и на акредитираните дипломатски мисии во Република Македонија. Работни јазици на Расправата ќе бидат македонскиот, албанскиот и англискиот. Симултан превод ќе биде обезбеден за секој учесник.

„СПОГОДБАТА ОД ПРЕСПА: МЕЃУНАРОДНО ЗНАЧЕЊЕ И ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЕВРО-АТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ ПРОГРАМА Дел 1: МЕЃУНАРОДЕН И ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ И ЗНАЧЕЊЕ НА СПОГОДБАТА Модератор: акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите
10:00-11:30
акад. Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите
г-дин Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија
г-дин Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија
г-дин Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања
г-дин Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Македонија
Н.Е. г-дин Џес Бејли, вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија
Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, вонреден и ополномоштен амбасадор на Франција во Република Македонија
Н.Е. г-дин Томас Норберт Герберих, вонреден и ополномоштен амбасадор на Германија во Република Македонија
11:30-12:00
Изјава за медиуми Дел 2: ТОЛКУВАЊЕТО НА СПОГОДБАТА И НЕЈЗИНИТЕ ИМПЛИКАЦИИ Модератор: проф. д-р Владо Поповски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 12:00-13:30 акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметносите
наслов: „Природа, цел и толкување на Договорот од Преспа“ акад. Георги Старделов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите наслов: „Да го урнеме македонскиот берлински ѕид меѓу нас и светот“ проф. д-р Владо Поповски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје наслов: „Карактерот и импликациите на Договорот од Преспа“ г-дин Дејвид Стивенсон, поранешен раководител на одделот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД во Скопје наслов: „Building Political Consensus as a Prerequisite for Successful Implementation of the Prespa Agreement“ проф. д-р Вели Креци, вонреден професор на Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа наслов: „Анализа на пристапот и содржината на Договорот“ 13:30-14:00 Кафе-пауза
14:00-15:30
проф. д-р Блерим Река, проректор за меѓународни односи на Универзитетот на Југоисточна Европа и редовен професор на Правниот факултет
наслов: „Геополитички импакт на македонско-грчката спогодба“
проф. д-р Нано Ружин, ректор на ФОН Универзитетот и редовен професор на Правниот факултет
наслов: „Интерните и екстерните последици од склучувањето на билатералниот договор меѓу Република Македонија и Република Грција“
проф. д-р Горан Коевски, редовен професор и декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
наслов: „Придобивките за Република Македонија од успешно спроведените евро-атлантски интеграции (економско-правни аспекти)“
г-дин Љубомир Гајдов, член на тинк-тенк телото „Глобална иницијатива за истражување на стратегиски проблеми“, Центар за стратегиски истражувања, МАНУ
наслов: „Спогодбата од Преспа, промена на парадигмата во Република Македонија и за Република Македонија“
г-дин Љупчо Арсовски, амбасадор
наслов: „Република Македонија на крстопат“
г-дин Ѓорѓи Филипов, амбасадор
наслов: „Интелектуалната сопственост на македонските компании и Спогодбата од Преспа – импликации“