логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Македонскиот писател Стефан Марковски е македонски претставник на годинешното издание на програмата Other words во шпанскиот град Сан Себастијан во периодот од 10 август до 1 октомври.



Во рамки на резиденцијалниот престој, Марковски ќе го претстави своето творештво пред баскиската публика и ќе создаде кратко книжевно-уметничко дело кое ќе биде преведено и објавено на неколку европски јазици.

Целите на програмата Other words се состојат во промоција на соработката помеѓу авторите и книжевностите од различни јазични средини од релативно помал и регионален карактер.

Стефан Марковски е современ наградуван македонски писател, поет, сценарист и филозоф, автор на романи, збирки раскази, поетски книги, филозофско-есеистички дела и сценарија.

Неговите дела се објавени на неколку јазици. Главен и одговорен уредник е на литературното списание „Современост“ и е уредник на поетските збирки „Метрички карван“.



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport