Град Скопје и ЈУ КЦ Александар Македонски (Универзална Сала) организира бесплатен локален семинар на тема ,,Социјално осигурување и оданочување на уметниците” на ден 08.06.2018 година во салата на советот на Град Скопје, со почеток во 9:00 часот.

Целта на овој семинар е да се осврнеме на веќе постоечката даночна политика, да се разменат ставови за најавената промена во даночниот систем и како сето тоа влијае и би влијаело на уметниците во Република Македонија и да се добијат одговори на некои од потешкотиите со кои се соочуваат уметниците.

 

Градот Скопје во 2017 година, се приклучи како партнер во CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) која претставува европска мрежа, составена од градови и јавни и приватни културни институции. Проектот има за цел да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни  институции и уметници: да се максимизира економскиот, социјалниот и културниот придонес на визуелната уметност, која може да се подобри со поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да создаваат, да изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да пристапат кон обука преку семинари,резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Проектот CreArt го сочинуваат 12 градови, а лидер  е градот Ваљадолид Шпанија.

 

 

Ве повикуваме да завземете учество и да го пријавите вашето присуство на  следнивe меилoви:

 

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

(местата се ограничени)