Националната галерија на Македонија во соработка со амбасадата на Република Бугарија во Македонија и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „Во Мојот Свет“ во пресрет на Меѓународниот ден на лица со посебни потреби организираат инклузивни креативни ликовни работилници на дечиња со аутистичен спектар на нарушување и дечиња од редовната настава.
Креативните работилници ќе се одржат во објектот Чифте амам на 18-ти ноември (сабота), од 11-13 часот. Ќе се користат различни сликарски материјали и техники во придружба на музико терапија.
Целата манифестација е под мотото „Едно Сонце за сите деца“