Промоцијата на монографијата на Евгенија Демниевска, која е отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба во Чифте амам, насловена „Метаморфози на линијата“. Промоцијата ќе се реализира на 27 октомври, петок, во 19.00 часот во објектот на Националната галерија на Македонија - Чифте амам.

На овој настан, покрај промоција на новото издание на Националната галерија на Македонија од страна на соработници и пријатели на Евгенија Демниевска кои ќе говорат за нивното искуство од работата со авторката, ќе имаме и ретка можност да слушнеме презентација на авторката за „Интерактивната пракса“ во нејзиното творештво.