Ве информираме дека во рамки на својата годишна програма Националната галерија на Македонија ја презентира изложбата на младата графичарка Шќипе Мехмети, која ќе се одржи на 24.10.2017 година (вторник) во мултимедијалниот центар Мала станица, во 20.00 часот.
На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна. Изложбата е насловена „Фрагилност“ и вклучува графики во разновидни графички техники од сува игла, комбинирана техника итн.
Куратор на проектот е Ана Франговска и истиот ќе биде поставен во Мала станица до 2 ноември 2017 година.


Национална галерија на Македонија