ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ПОДДРЖАНА ОД НАСА
СКОПЈЕ,
10.10..2017:
Светската недела на вселената оваа година ќе биде финализирана со јавна
дебата, во вторник, на 10 октомври, во 10 часот, во „МКЦ –
Џебно кино“ на тема загадување на воздухот.


Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата NASA Datanauts, во склоп на open.NASA, која
претставува соработка со неколу индивидуалци од целиот свет со цел подобро искористување и
промоција на отворените податоци за генерирање иновации и решавање глобалн
и проблеми. Со нивна помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво со цел да се посочи како
македонските  граѓани  се  здружуваат  и  ја  користат  технологијата  за  решавање  еден  ваков
сериозен проблем.
Од организацијата велат дека оваа дебата ќе се фокусира на иницијатива за поголема соработка
помеѓу  државните  институции,  невладините  организации  и  бизнис
-
секторот  за  креирање долгорочни  мерки  за  справување  со  загадувањето  на  воздухот  преку:  искористување  на
отворените податоци и транспарентност, креирање иновативни проекти од заеднички приватен и
јавен карактер, прибирање креативни идеи од граѓаните, невладините организации и бизнис
-секторот како и нивно активно вклучување.
На  дебатата  официјално  и  првпат  во  јавноста  ќе  се  прикажат  споредбени  податоци  од
апликацијата „Мој воздух“ за бројот на деновите секоја година (во периодот јануари 2015 до
септември 2017) во кои ПМ10
-
дневниот лимит е надминат.
Дебатата  ќе  ја  води  Огнен  Јанески,  а  како  панелисти  ќе  говорат
Јани  Макрадули,  заменик министер
за животна средина и просторно планирање,
Ели Пешева, претставник на коалицијата
О2,  Хајан  Селмани,  основач  на  компанијата  Хаселт  и  Јасмина  Белчовска  Тасевска  од
канцеларијата на УНДП во Македонија.