Украинскиот сопран Тамара Калинкина, баритонот Борис Трајанов и тенорот Дарко Нешовски на 01 јануари 2017, ќе настапат како солисти заедно со Балетот и Оркестарот на Македонската опера и балет на концерт „Руска бајка“ на првиот ден од новата година.

Како што кажува насловот, овој пат Македонската опера и балет на 01.01.2017, во новиот Салон на МОБ во 20:00,во режија на Трајко Јордановски, ќе ја пренесе и слави убавината на руската музика. Со гала оперско-балетскиот концерт ќе предводи извонредниот диригент Иван Еминовиќ.На програмата се дела од Корсаков, Чајковски, Шостакович…, композитори кои својата инспирација ја црпеле од рускиот фолклор и традиција, чии дела се вбројуваат во најдобрите од руската оперска, балетска и симфониска литература.Цената на билетите, во зависност од местото на седење чинат 1200 и 1500 денари. Билетите ќе се продаваат на билетарата на МОБ до самиот ден на настан.Солисти:
Тамара Калинкина – сопран (Украина)
Борис Трајанов – баритон
Дарко Нешовски – тенор
Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Трајко Јордановски
Костимограф: Марија Пупучевска
Кореограф: Саша Ефтимова
Светло мајстор: Милчо Александров
Настапуваат балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ