Македонската академија на науките и уметностите има чест да Ве покани на пристапното предавање на академик Предраг Пипер, член на Српската академија на науките и уметностите, избран за член на МАНУ надвор од работниот состав, на тема:

ЗА СЕМАНТИЧКАТА КАТЕГОРИЈА ПРОСТОР ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

За научниот придонес на академик Предраг Пипер ќе зборува академик Зузана Тополињска.

Пристапното предавање ќе се одржи во просториите на МАНУ, на 10 март 2016 (четврток), во 12,00 часот.