логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 11 декември 2015 година (петок), во 20 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Вана Урошевиќ.


Својата најнова самостојна изложба Вана Урошевиќ ја има насловено: “Кабинети на чуда и библиотеки”. Следејќи некои од своите омилени теми од доменот на “тајниот живот на предметите”, оваа ликовна уметница овојпат својот интерес го насочува кон збирките произлезени од собирачката страст и несекојдневниот вкус на особено љубопитните поединци - кон “Збирките на чуда” (на германски: “Vunderkammern”; на француски: “Chambres des merveilles” и “Cabinets des curiosités”; на англиски: “Cabinets of Wonders”). Овие претходници на современите музеи постоеле во шеснаесеттиот и седумнаесеттиот век во многу градови на Западна Европа, по дворците на владетелите и по палатите на богатите луѓе, и сведочеле за потребата за допирот со Необичното, Неверојатното, Различното. Без некоја особена потреба од класификација, во овие збирки биле насобрани предмети со одлики кои отстапувале од вообичаениот изглед на нештата,  реткости од геолошко, животинско или билно потекло донесени од далечните краишта, и кои биле доказ дека постојат и други можни облици на светот, различни од оние на кои сме свикнале. Дел од ваквите колекции честопати биле и збирките на уметнички дела, а во нивната близина секогаш биле и библиотеките.

Основен материјал во кој се реализирани делата на оваа изложба е рачно боената свила. На неа авторката додава цртежи, фотографии и текстови, создавајќи на тој начин еден мултимедијален простор кој е исполнет со многубројни, заемно вкрстени значења.

Текстовите што се испишани врз свилата потекнуваат од повеќе извори: тука се описи на збирките и библиотеките од “Наспроти” на Жорис-Карл Уисманс, од “Сликата на Доријан Греј” на Оскар Вајлд, измислени од овие автори, но и описите на вистинските библиотеки што им припаѓале на Андре Бретон и Хорхе Луис Борхес, дадени од оние што ги посетиле. Користени се текстови на Лоренс Вешлер од “Кабинетот на чудата на господинот Вилсон”, на Клод Каплер од “Чудовишта, демони и чуда”, на Алберто Мангел од книгата “Библиотеката ноќе”, како и прилозите во тематскиот број на списанието “Градац” обединети под насловот “Во дворецот на Рудолф Втори”. Има и неколку цитати од расказите на Х.Л. Борхес, автор на “Вавилонската библиотека”, кој е заслужен за метафоричното доближување на поимите библиотека и лавиринт. А има и еден текст преземен од Интернет, тој модерен пандан на Александриската библиотека, Вавилонската кула и Лавиринтот.

Фотографиите употребени за аплицирање врз свилата снимени се во  манастирот Свети Лазар од Ерменија, на островот Сан Лазаро, во Палатата Фортуни во Венеција и во  библиотеката на авторката. Најголем дел од цртежите се реплики на платната на сликарот од Венеција Пјетро Лонги (1701 - 1785), хроничар на необичните глетки од животот на жителите на овој град кој секогаш се двоуми помеѓу привидот и реалноста.

Сите овие извори се соединуваат во делата од оваа изложба на еден нов начин кој сака да ги спои во едно единствено доживување некогашните фасцинации  пред  отстапувањата од секојдневието со уживање во зачудноста како  еден од облиците на современиот сензибилитет.

 

Вана Урошевиќ е современ македонски ликовен уметник кој дејствува на полето новите визуелни истражувања, при што користи несекојдневни материјали и техники. Освен слики на свила изработува објекти и инсталации, користејќи понекогаш и елементи од органска природа: крзна, животински коски, инсекти. Во своите проекти вклучува документи, фотографии, анкети, искажувања, цитати.

Факултетот на ликовните уметности го завршила во Белград, во класата на професорот Младен Србиновиќ, а последипломските студии на истиот факултет, во класата на професорот Радомир Рељиќ, добивајќи звање магистер на сликарство. Во 1987 година имала студиски престој во Париз, а во 1988, како стипендист на италијанската влада, била на специјализација во Венеција, на Академија на убавите уметности. Имала самостојни изложби во Скопје, Битола, Струга, Белград, Софија, Солун, Љубљана, Виена, Њујорк. Во 2002 година изложувала на Есенскиот салон во Париз, а во 2003 била претставник на Македонија на Педесеттото ликовно биенале во Венеција.

Куратор на проектот е Маја Чанкуловска.

 

Со почит,

Национална галерија на Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

15/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная