логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во идниот век верните ќе го видат Бога “лице во  лице“, а иконата е почеток на тоа созерцание.


Iverska.Portaitisa6.jpg    makrina.jpg

Прашање од Даниела: :

Кои се основните симболи и дали има такви по кои би разликувале православна од католичка икона на Мајка Богородица и Исус Христос?

За Иконите

Одговор:
Иконите се материјален доказ дека постои еден друг свет,  ја огласуваат, пренесуваат  пораката на духовноста, и тие се небо на земјата, сведоштво на повисоката реалност:... „ така, иконата не е само предмет, експонат, туку е светиња, зашто во неа ја имаме добрината (како етички момент), и красотата (естетскиот момент), и љубовта (емотивната стварност на взаемноста). Од сето тоа се раѓа една здрава мудрост – философија, но не философија според стихиите на овој свет, за која ни зборува апостол Павле: „Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечко предание, според стихиите на светот, а не по Христа“ (Колосјаните 2:8)“

sv.Andrej.Rubljov1.jpg

...
„Иконата е манифестација на дарот и на творештвото на човековиот дух, и како таква станува уметничко дело. Во извесна смисла, цртањето икони е копирање како и секое друго сликање,  но не копирање во буквална смисла, туку попрво можеме да кажеме дека тоа е „фаќање“ во материјата или материјализација на порака, идеја, облик, форма или вредност, коишто потекнуваат од еден друг, преобразен свет. Тоа значи дека самата тематика на иконостасот е еден метафизички заснован реализам кој му е понуден на иконописецот преку Откровението. Затоа во Византија постоеле канони за иконопис, зашто на уметникот му било пропишано како да ги претставува мотивите, но во секој случај од неговиот талент зависело дали тој ќе биде способен да проникне во непропадливата и надматеријална стварност и да посегне по неа за да ја долови. Во тој иконописен подвиг талентот на уметникот никогаш не бил задушен, зашто тој и не е прецртувач –него делото го ангажира во целост. Неговите дела зависат како од силата на доживувањето, така и од способноста за уметничко доживување.“   
sv.Andrej.Rubljov1.jpg
 

Пред се, православните икони не се претставуваат премногу реалистично. А воглавно, разликите се во тоа што повеќето католички икони на Пресвета Богородица, имаат  ѕвезди околу главата  , или држи срце, а Господ Исус Христос, ако е претставен на крст, со нозете една врз друга, што е спротивно од православните. На православните икони, Христос и Пресвета Богородица не се сликаат во модерен уметнички стил, туку во стилот и описот оставен од Црквата низ Преданието...

sv.Troica.Rubljov.jpg

 

Фрескопис:Погледнете го напредокот на работата на веќе спонзорираните фрески.

Друго:

ДИЧО ЗОГРАФ - еден од најистакнатите македонски зографи

Икона Оплакување Христово, од црквата Свети Никола (Виндзор, Канада)

Иконата – почеток на гледање “лице во лице“

Подготвил: п.п./з.д.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 538
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 611
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 564
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…