логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Прашање од Игор: Кои се најстарите икони во Христијанството и од кој век датираат?


После признавањето на Христијанството во Римското Царство за време на владеењето на св.Константин (Соборот во Никеја), и неговото прифаќање како официјална државна религија за време на Теодосиј I, христијанската уметност почнала да се менува. Оаа промена е резултат пред сè на слободата која Христијаните ја добиле во однос на изразувањето и декларирањето на нивната религија. Тогаш и за прв пат се појавиле сликите на мачениците, а со нив почнала да се шири и критиката за идолопоклоничката и паганска позадина која тие (наводно) ја имале.

 Apostol.Luka.ikona.jpg
Апостол Лука ја црта иконата на Пресвета Богородица Марија


Од друга страна, бројни биле и поборниците за употребата на иконите, посочувајќи примери кога пророците од Стариот Завет сонувале сонови во кои им се појавувале повеќе небесни фигури, вклучувајќи ја и визијата на Данаил, кому Бог му се појавил како старец.

Во овој период, исто така, за прв пат се споменува и иконата на Пресвета Богородица Марија; како автор на оваа икона Теодор Лектор во неговата Историја на Црквата го посочува Апостол Лука. Бројот на икони чие авторство се припишува на овој Апостол во иднина ќе се зголеми.

Apostol.Luka.ikonopisec.jpg

Тропар, глас5.

Со песни свешетни да го прославиме светиот апостол, превоспеаниот Лука, раскажувачот на апостолските дела, и светол писател на Христовото Евангелие, како лекар на човечките немоќи и болести на природата, кој ги лекува и раните на душите, и се моли непрестајно за душите наши.

п.п/з.д.

 Друго:

lit.apost.Luka.jpgБожествена Литургија во храм на св. Петка, Скопје (31.10.2008)

Во  храмот на   св.Петка , во Скопје, на ден 31 октомври, на празникот посветен на св. апостол и евангелист Лука, се  отслужи   Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…
Октомври 19, 2019

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци. Еден ден, кога тајфата (во која Дичо бил уште чирак) одела наваму-натаму по работа, била пресретната од група арамии. И, додека арамиите им се заканувале на останатите од…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 194
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 224
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 205
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…