Скопје, 25- ти април 2017 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски

СОВРЕМЕН РОМАНСКИ ИКОНОПИС

(Извадок)
25-29 април 2017

Иконата – тоа е откривање на вечноста во времето. Иконата јавува, таа е објавител на Царството Христово, на обожена твар и на преобразеното човештво, кое со својата личност Самиот Христос го јавил. Преку иконата, во видливото се набљудува невидливото, во временото – вечното.
Тоа е затоа што иконата не е едноставна слика на природниот аспект на личноста, но е издигната на ниво – на претстава на идниот век и свет. Таа слика е „поглед одозгоре“, од гледиште на вечноста која доаѓа.
Црквата проповеда со збор и слика, па затоа и иконата е наречена – учител. Некој беше рекол дека иконата е умозрение во боја. Таа е овоплотена молитва, која се создава во молитва и заради молитва: Таа е двигател и израз на љубовта и тежнението кон Бога, кон совршената Убавина. Затоа, надвор од Црквата, во вистинска смисла на зборот, иконата и не може да постои.
Стоејќи пред иконата, ние стоиме пред Самиот Бог, не затоа што Бог е во иконата, туку затоа што таа е знак на Неговото присуство и позив упатен кон нас. Иконата не го изобразува Бога, туку таа укажува на учеството на човекот во божествениот живот. Таа не е ниту гаранција за нашето спасение, туку само помошник и водилка на патот кон Бога.

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=jsVgylaoi6I[/youtube]

Ректорот на Букурешкиот православен богословски факултет, протопрезвитер д-р Стефан Бучиу

[youtube height="350" width="600" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=chd68OOG97w[/youtube]

 

На 25 април 2017 во соборната црква Свети Климент Охридски беше отворена изложба на икони од современи романски иконописци од Факултетот за црковна уметност при Букурешкиот православен богословски факултет „Патријарх Јустинијан“. На отворањето свечени говори одржаа Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, д-р Ѓоко Ѓорѓевски, и ректорот на Букурешкиот православен богословски факултет, протопрезвитер д-р Стефан Бучиу. На изложбата која беше збогатена со учеството на црковниот хор „Света Злата Мегленска“. присуствуваше и Неговото високопреосвештенство Митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, како и голем број на свештеници, теолози и студенти.

 

 

 

Гости од Букурешкиот православен богословски факултет:

Протојереј ставрофор д-р Стефан Букиу – Декан на Богословскиот факултет во Букурешт
Протојереј ставрофор д-р Константин Преда - Продекан
Протојереј д-р Никушор Белдиман – Директор на оддел
Д-р Димитру Сорика, Професор за сакрална уметност, подготвител на изложбата

 

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

 

 25-ти април 2017 лето Господово