логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Пресвета Богородица

Ќе се обидам да го истражам односот меѓу иконата и несоздадената светлина, изнесувајќи седум одредувања [дефиниции] за иконите. На крајот, ќе го резимирам исихастичкиот карактер на иконографијата во седум реченици.

Првото одредување кое одлично ја изразува иконата му припаѓа на Виргил Георгиј: „Иконата е прозор кон вечноста“.

Второто одредување: „Иконата е она што го гледаме на претставата на Успение на Богородица. Апостолите, Богородица и Христос се насликани со сите бои. Потоа, Христос е окружен со еднобојна сина „слава“ (“δόξα”,„докса“,) со ангелите, во Своите раце држејќи ја Богородица како дете. Повеќебојноста тука го претставува историскиот момент, додека еднобојноста на сината боја нè воведува во есхатолошката реалност, во која Христос ја воведува Богородица како личност (како целосна личност, а не само нејзината душа, како што мислат понекои). Тој ја приведува од историскиот, кон вечниот рајски живот. Токму овој премин е отсликан од православната икона“.

Третото одредување: „Иконата е живопис кој ни ја претставува сета Црква заедно со Христос од Вознесението, Кого Бог Отецот Го презема“. Оттука иконата, православната икона, од богословско гледиште, извира од Вознесението. Вознесението се поистоветува со Второто Христово Пришествие, затоа што ангелите при Вознесението им говореле на учениците дека Христос повторно ќе дојде при Второто Пришествие, на ист начин на кој бил преземен, значи прославен и воскреснат: „ Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде онака како што Го видовте да оди на небото“ (Дела 1,11). Вознесението и Второто Пришествие се предиконизираат во Преображението на Тавор и во Воскресението Христово. Од Тавор произлегува светлосната својственост и големото значење кое го има светлината за иконографијата. Така, ова трето одредување на иконите би можело да се изрази на следниот начин: „Иконата е фото-зографија (светло-живопис, светлопис) на Богочовекот и севкупната творевина“.

Четвртото одредување: „Иконата е една сликарска аскеза – вежба, која својот зачеток го има во »пратворбеното ништавило« (Ј. Зизиулас, Христолотија и постоење), ништавило кое се изразува преку темната основа (и таканаречената »проплазма« кажано на јазикот на иконографите), и се овенчува со божествената светлина на насликаното битие, кое светлоблеска како Христос на Тавор. Секоја икона на секој светител нè поттикнува на очистување и просветлување“.

Петтото одредување: „Поетично, би можеле да речеме дека иконата е живопис кој ја изразува следната животна вистина: Да замислиме дека влегуваме во својата планинска викендичка, кадешто е ладно, снежи и дува ветер. Гледаме во собата низ која пред нас тука била една личност која ја љубиме, на пример, таткото. Тој приготвил сè за нашиот престој тука, а потоа си заминал. Ние не го гледаме него во куќата, меѓутоа, во сите предмети кои се наоѓаат во викендичката, во распалениот камин, во топлиот оброк, во поставената маса која ни ја оставил, ние го »допираме« татковото присуство како дискретна љубов. Таткото го оставил својот печат насекаде, поради нас, и неговата љубов ја преобразила негостопримливата планинска средина во родителска топлина. Слично на тоа, и иконата не укажува само на самиот Бог Отец, туку и на Неговите дејства (енергии) кон нас“. Светлината на иконата која е ослободена од природните закони, мироноси, ги кропи лицата, телата и иколината – пејзажот и ги преобразува насликаните битија, од внатреисториски и минливи, привремени, во есхатолошки, вечни и рајски; од распрачени индивидуи во личности воединети преку осветлувањето на Единствената Личност.

Шестото одредување: „Иконата е една необична слика, која претставува пејзаж на нашиот свет, но не како пропадлив, каков што е сега, туку како непропадлив, онака каков што Бог Отецот ќе го гледа во есхатонот. Тогаш воскреснатиот Син ќе Му ги претстави воскреснатите луѓе и непропадливата творевина на Бога Отецот, велејќи Му: »Еве ме мене и децата кои ми ги даде Бог Отецот«“.

Седмото одредување: „Иконата е воспоставување на распарчениот, пропадливиот простор и време на фреските од насликаниот храм, кадешто Литургијата која се служи е окружена од ликовите на насликаните светии, кои го манифестираат своето живот присуство во Евхаристијата“.

Од сликарски аспект, горенаведените одредувања можеме да ги преведеме на следните седум сликовити изјави:

  • 1. Иконата не е натуралистички портрет, туку светло-портрет (фото-портрет). Таа го изразува онтолошкото учество и причесност на нестворената светлина.
  • 2. Оваа светлина ги надминува природните закони на оптиката. Ја изразува слободата на Нестворениот.
  • 3. На иконата, Христос не се претставува како една индивидуа, туку се открива тајната на Христа како тајна на Црквата, каде што многумина се собрани, односно светите се собрани (во павловото значење на зборот „свет“). Секој светител кој се изобразува на иконата, го носи истите особини на светлината како и Христос, а тоа значи дека се покажува како Христос по благодат.
  • 4. Како што секоја икона бива осветлена трансцендентно, следува дека осветлувањето го изедначува „по благодат“ секој еден светител со Христа и со другите светии, во онтолошката заедница на личноста, т.е. Црквата.
  • 5. Фактот дека демоните на православните икони не се изобразуваат на „етички“ (односно како добри или лоши), ниту на естетски начин (како убави или грди), туку на онтолошки начин – како битија кои го негираат заедничарењето со нестворената Светлина која ги ипостазира битијата, и соодветно на тоа се претставуваат како мрачни, темни и смалени – значи дека нестворените енергии се еден вид на мост помеѓу Бога и тварта, и тие ја даваат онтолошката ипостас на оној кој е отворен за Бога, Кој ги испраќа енергиите; оние пак, кои се затворени за љубовта Божја се „надворешни“ битија чие бивствување е доведено во прашање (не знаеме дали постојат или не).
  • 6. Според тоа, иконата нè поттикнува на љубовен однос меѓу Бог и човекот, не преку едно индивидуално очистување од страстите, туку преку очистување на нашите меѓусебни односи, кои треба да се прочистат од егоизам и емпатија (Зизиулас).
  • 7. Технотропијата, или стилот кој го создава слободната светлина на иконите, има својствена разлика во однос на било кое друго сликарство. Нестворените енергии во творевината воведуваат една коренски нова реалност. Значи, иконите треба да ја претстават трајната оригиналност и автентичност на црковниот живот на заедницата на светите (т.е. на верниот народ). Иако во литургискиот типик има подражавање и повторување, сепак, во Црквата, поради нестворените енергии нема досада (пликси), туку постојан излез од досадата, – изненадување, восхитување (екпликси) пред Нестворениот. На тој начин, целта на иконата не е само да ги подражава претходните икони, туку да ни помогне да ги видиме Христа и светителите како потполно нови битија, кои досега никој не ги видел како такви. Не да воспостави некакви својства, туку да го надмине детерминизмот на својствата. Тука се наоѓа особеноста и чудноста, којашто одговара на восхитот и својственоста на исихастичкото доживување. И едното, и другото е осветлување.

 

Горенаведените одредувања, за кои немавме можност поподобрно да ги анализираме, ни го откриваат исихастичкиот карактер на православната иконографија, карактер кој изостанува во религиски вдахновените дела на западното христијанство.

Исихастичкиот карактер на иконографијата постоел и пред исихастичките спорови од 14-от век, затоа што тој е дијахронична реалност на сите фази од развојот на црковната историја. Исихастичките спорови биле само повод за богословието на св. Григориј Палама за нестворената светлина, кое било изобразено на иконите. На тој начин, св. Григориј Палама, како и сите поборници на исихазмот ни помагаат подлабоко да го сфатиме претпостоечкиот исихастички карактер на иконите.

Протопрезвитер Стаматис Склирис

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/stamatis-skliris-ikona/ .

Друго:

00.jpg

  • св. Григориј Палама: „.. ликот Божји во нас е најпрво и пред сè светлина, не физичка, туку онаа светлина со која Господ Исус Христос засветли на Тавор во часот на Неговото славно Преображение.

Беседејќи за ова чудесно собитие од животот Христов, Палама вели: „Така Он засветли за време на молитвата и на своите ученици им ја откри таа неискажлива светлина, додека истовремено присуствуваа и најголемите меѓу пророците, за да покаже дека молитвата е причина за ова блажено видение и да можеме да разбереме дека приближувајќи се кон Бога преку силата на добродетелите и соединувањето на нашиот ум со Него, стануваме сведоци на тоа сјаење, кое видливо им се дава на сите оние што преку усрдно творење на добри дела и чиста молитва непрестајно се воздигнуваат кон Бога“.

Гласот на овој светија е зрелиот глас на целата наша Црква, глас што ги надминува сите теологии, сите националности, сите административни поими на Црквата и излегува од срцето и душата, зборувајќи им на сите луѓе, било православни или не, и осветлувајќи, оживотворувајќи и преобразувајќи нè нас православните, кога ја бараме и достигнуваме заедницата со Христа. (Бигорски манастир)

 


Учетвото на Бог во нашиот личен живот го именуваме Промисла. Оваа Промисла воопшто не наликува на незнабожечката судбина. Во некои одлучувачки моменти ние навистина сами избираме меѓу она што е возможно. Кога пред нас се откриваат различни патишта, сосема е природно да бидеме должни решително да тргнеме кон крајното Добро кое го бараме. Овој избор неизбежно ќе биде поврзан со подготвеноста на жртва. Во таквите случаеви особено јасно се пројавува нашата духовна слобода. За жал, луѓето почесто се раководат од минливите побуди, скршнувајќи од патот кон Царството Небесно на кој ни укажал Бог. Таквиот човек впаднува во круг на лажливи страсти, кои му попречуваат да го согледа саканото изгревање. При секој избор неизбежни се страдањето и жртвата. И кога ја избираме волјата Божја, секоја жртва н# прави слични на Христос: ,,Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата” (Лк. 22, 42).

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 197
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 295
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 503
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…