логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Како и секоја година, празникот на света Параскева беше повод на значајни свечености во Јаши (Романија) од 9 - 18 октомври.

Моштите на Светителката, кои се чуваат во катедралата, беа изложени на олтар поставен надвор за поклонение на верните, и беа носени во литија низ градот. Од 1996 година, Митрополијата Јаши секоја година на овој празник покрај моштите на света Параскева донесува и мошти на друг Светител; оваа година тоа беа моштите на свети Максим Исповедник, кои беа донесени од Света Гора.

Пред, за време и по празникот (четврток, 15 октомври) околу еден милион верници дојдоа за да се поклонат на моштите на овие Светители, формирајќи редица во должина речиси четири километри, и во која требаше да се чека 26 часа за да се стигне до местото каде што беа положени моштите.

Неговото Блаженство Патријархот Даниел пристигна оваа година во Јаши за да присуствува на настанот и да отслужи свечена Литургија на празникот, на 14 октомври, пред катедралата, околу која се собраа стотици илјади луѓе. Нему му сослужуваа Архиепископот на Јаши Митрополитот Теофан и други Владици од различни региони на земјата и од неколку странски земји.

  

 

 


 

Извор: Basilica.ro

Преземено од МПЦ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1018
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 987
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…