markov.sv.Zlata1.jpg

Рускиот патријарх Кирил: Присилното учење на религијата во училиштето е неприфатливо
петок, 04 јуни 2010

 


Патријархот Московски и на цела Русија Кирил смета дека присилното изучувањето на верските дисциплини е неприфатливо. "Во духовниот живот не може да постои диктатура. Не сакаме денес да ги правиме истите грешки, како некогаш во царска Русија кога сите беа обврзани да го учат законот Божји и да се исповедаат "- рече Неговата Светост на состанокот со јавноста во Петрозаводск. По неговите зборови, присилното учење на религијата во училиштата е "неприфатливо не само во Русија, туку и во било која земја".

Патријархот потсети дека до револуцијата во Русија постоеле правила, според кои сите, од императорот до обичните луѓе, биле обврзани да постат и да се потпишат во црковните книги за учество во богослужбените тајни. Но, ова, според Патријархот, често "предизвикувало внатрешен отпор кај луѓето.

markov.sv.Zlata1.jpg

Патријархот засегна темата по спонтана реплика на учесничка на состанокот. Постара жителка на Петрозаводск решително се искажала за задолжително изучување од сите руски ученици на „Основите на православната култура„, кој според неа е потребниот предмет и без него е невозможно да биде разбирана културата на Русија, и повика Патријархот да ја поддржи во нејзиното размислување.

Патријархот Кирил во Петрозаводск, истакна дека постои и друга тенденција која ја предизвикува неговата загриженоста и внимание, а тоа е : "кога директори на училиштата им забрануваат на децата да ја избираат православната култура и ги принудуваат родителите, децата да ги запишуваат на секуларна етика.

Патријархот Кирил истакна дека предметот "Секуларна етика"(Светска етика), всушност, се заснова на "атеистичкиот морал", а не на "лекциите за тоа како правилно да врзуваме вратоврска". Во исто време возглавителот на Руската православна црква ја поддржа изјавата на жената од Петрозаводск дека "Основи на православната култура" е исклучително важен предмет, без кој е невозможно да биде разбирана смислата на историскиот пат на Русија.


Извор: Двери.бг;Интерфакс
Слики: Патриархия.ру