Крстени дванаесет деца во едно албанско село (12.11.2019 18:04)



Неодамна имаше радосен настан во Албанија, кога 12 деца беа крстени во Христос, во едно село близу Берат.

Според о. Илија Макос, „лицата им светеа како сонце, срцата им станаа бели како светлина, а нивниот дух ликуваше“.

Децата сами пројавиле желба да бидат крстени, а пред да биде извршена Светата Тајна Крштение, тие биле поучени во верата. Тие „се подготвени да ги сносат последиците од тоа што ќе кажат дека веруваат во Христос и Го љубат“, вели о. Илија Макос.

 

 

 

извор: orthochristian.com

Преземено од:

http://www.mpc.org.mk/svetaktuelno.asp?id=7170