Според зборовите на игуменот Даниил на манастирот на св. Ѓорѓи во Готшендорф, во близина на нивниот манастир се наоѓа петкатен дом во кој половина од живеалиштата се празни – и тие може да бидат пополнети со христијански бегалци од Сирија.

- Прашањето е отворено и го разгледуваме со властите. Можеби ќе биде тешко да се профилираат мигрантите, со тоа е прашање на време – убеден е игуменот.

Во интервјуто за Интерфакс, тој посочил дека манастирот ќе понуди и грижа за постарите лица, курсеви по германски јазик, учество во секојдневната работа на манастирот, но и она што е најважно – учество во богослужебниот живот.

- Ако успееме, ова ќе биде прво искуство од ваков вид за нас – раскажал игуменот, објаснувајќи дека римо-католичките и коптските заедници во Германија веќе имаат развиено бегалски кампови за христијани и за создавање услови за нивна интерграција во германското општество.

- Ние само што започнуваме со пружање помош на бегалците и не можеме да предвидиме што ќе следи. Но, мора вистински да се потрудиме и да ја искористиме секоја можност за да им помогнеме на браќата-христијани кои се во неволја – заклучил настојателот на манастирот на св. Ѓорѓи.

Извор: РИА

Преземено од: Кумановско- осоговска епархија