(19.02.2014 21:13)



На 14 февруари 2014 год., претседателот на Одделот за надворешни црковни врски при Московската Патријашија Волоколамскиот Митрополит Иларион, при остварувањето на поклоничко патување на Света Гора пристигна во манастирот Ватопед. Во храмот на заедницата Владиката и неговата придружба се поклони пред Појасот на Пресвета Богородица, чудотворните икони на Небесната Царица „Радост и утеха“ и „Сецарица“, чесните глави на св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, соопшти Патриархия.ru.



Пред празничното бдение, гостите ги прими игуменот на манастирот архимандрит Ефрем, кој им раскажа за последните случувања на манастирскиот живот. Игуменот посвети особено внимание на добрите промени во животот на Руската Православна Црква, поврзани со растот на бројот на нејзините епархии. За време на разговорот, исто така, го покрена и прашањето за состојбата на христијаните во Сирија.

По средбата Митрополитот Иларион и неговата придружба присуствуваа на сеноќното бдение по повод Сретение Господово.

На 15 февруари, денот на Сретението Господово, Волоколамскиот Митрополит Иларион, во сослужение на Зихинијскиот и Неврокопски Митрополит Јеротеј (Грчка Православна Црква), архимандртитот Ефрем и браќата свештенослужители при манастирот, отслужи празнична Божествена Литургија.

Истиот ден, претседателот на ОНЦВ, заедно со претседателот на АД „Руски железници“, претседателот на одборот на доверители при Фондот на св. апостол Андреј Првоповиканиот В.И. Јакунин, учествуваше во удостојувањето на игуменот на манастирот Ватопед архимандрит Ефрем со меѓународното признание за „Вера и лојалност“, востановено од Фондот.



Во својот говор, обраќајќи се кон игуменот и браќата од манастирот, Митрополитот Иларион раскажа за дејноста на Фодот на св. ап. Андреј, нагласувајќи го историското значење на носењето на Појасот на Пресвета Богородица во пределите на Руската Православна Црква, кое беше организирано со посредство на истиот.

 

  Извор: Православие.ру

Преземено од: МПЦ-ОА