sv.Nikodim1.jpgКАКО ЌЕ ГО СОЧУВАШ ВНАТРЕШНИОТ МИР
(од  „НЕВИДЛИВА БОРБА“ -  Свети Никодим Агиорит)

За да го сочуваш внетрешниот мир:
1.  Пред се држи си ги строго своите сетива и избегнувај да  се препушташ на својата волја во надворешното однесување, т.е. не гледај, не зборувај, не мафтај со рацете, не чекори и не прави ништо со возбуда, туку, сето тоа прави го пристојно и тивко. Кога ќе се навикнеш да се држиш себе си мирно во надворешниот аспект, лесно и без мака ќе се здобиеш со мир и во себе, во своето срце, зашто, според сведоштвата на отците, ВНАТРЕШНИОТ човек во голема мера добива во расположение од НАДВОРЕШНИОТ (човек).
2. Создај во себе љубовно расположение спрема сите луѓе и живеј со сите во мир, како што заповеда Свети Апостол Павле:
„Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе“ (Рим.12,18).

3. Внимавај совста да не ти биде вознемирена и да нема зошто  да ти префрлува и да те измачува. Нека биде мирна и во односот кон Бога и во однос кон тебе и во односите спрема ближните и кон се надворешно.
Чувањето на совеста создава, продлабочува и го зголемува внатрешниот мир, како што сведочи Свети Давид:
„ Голем мир имаат оние кои што го љубат законот Твој, и во нив нема сопнување“ (Пс.119,165).
4.  Научи без возбудувања да ги поднесуваш сите непријатности и навреди!
 Навистина многу ќе се намачиш и ќе претрпиш додека се навикнеш на тоа, но, кога таа навика ќе ја стекнеш, твојата душа ќе има големо задоволство и од самите непријатности кои што  ќе те снаоѓаат.
Кога тоа ќе го одлучиш,  од ден на ден се подобро ќе управуваш со себе си и наскоро ќе умееш да го сочуваш мирот во себе при сите надворешни  внатрешни немири!
5. Ако било кога ти се случи да не можеш да владееш со своето срце, да ја одгониш од него тагата и жалоста и да воспоставиш мир, прибегни кон молитвата, угледувајќи се на Господ Спасителот наш, Кој во Гетсиманската градина три пати се молеше.
 Тој со тоа ти даде пример во секоја жалост и тага да прибегнуваш кон молитвата. И колку жалост и малодушност да се свалиле врз тебе , не отстапувај од молитвата, се додека твојата волја не стане потполно  во согласност со волјата Божја и додека срцето не ти се смири и не се исполни со храброст да  го поднесува со радост се она, од што порано се плашело и што сакало да го одбегнува.

И Господ пред молитвата се плашеше, се жалеше и беше ожалостен, а после молитвата се смири и спокојно рече:
„Станете да одиме! Ете, наближи оној што Ме предава“ (Мат.26,46).

Превод: М. Даниловска Мина

Друго:

Свети Никодим Агиорит- ЗА ДУХОВНИОТ МИР НА СРЦЕТО