3.angeli.so.truba

Стојте непрестојано на духовна стража, бидејќи не знаете, кога Бог ќе не повика при Него.Во својот земен живот бидете подготвени секоја минута да му положите сметка. Пазете се непријателот да не ве фати во пекол во неговата мрежа и ве измами, принудувајќи ве да паднете во искушение.  Секојдневно испитувајте  ја вашата совест, проверувајте ја чистотата на вашите намери и мисли.

Синот на некој цар беше многу лош човек. Не гледајќи надеж за поправка, татко му  го осудил на смртна казна, но му оставил еден месец да се подготви за својата смрт. По еден месец таткото го повикува синот. Забележал дека тој е целосно изменет. Неговото лице ослабело и се набрчкало, и целото тело значително пострадало.

„Сине, што си се така сменил?“ го прашал таткото.

“Татко и господарот мој, како не би се сменил? За сето ова време, секој ден ми се приближуваше смртта.”

“Добро сине”, забележал таткото , „бидејќи си се опаметил ќе те помилувам, но мораш да го задржи  тоа расположението на душата за сето време од својот живот.”

“Татко, тоа е невозможно. Како може да се одолее на безбројните искушенијата и соблазни?”
Тогаш царот нареди да му донесат сад исполнети до врвот со масло. Му го предал на синот и  му дал наредба: “Земете го овој судот и пренеси го низ градот Зад тебе ќе одат двајца војници со голи мечеви. Ако исипеш  една капка ќе ти ја пресечат глава…”
Синот се покорил. Бавно, но со сигурни чекори ги помина сите улици придружуван од војниците, а не пролел ниту една капка.

Кога се вратил во својот дворец, татко му му рекол: “Сине, што виде додека минувшеа низ градот?”

“Ништо не сум го видел.”

“Како ништо?”, рекол таткото, “Денес е празник и ти сигурно ги  виде шаторите, ќилимите, пајтоните, луѓето и животните?”

“Ништо не видов“, повторил синот. ”Сито мое вниманието беше фокусирано на маслото во судот, бидејќи се плашев да не истурам капка од маслото и да не го изгубам мојот живот.”
“Добро е, сине. Сиот живот потсетувај се на оваа задача. Чувај ја својата душа, како што го чуваше маслото. Одвратувај ги твоите мисли од она што е минливо, и насочувај ги за тоа што е вечно. Вооружените војници нема да одат зад тебе, но смртта ќе оди, која секој ден е поблиску до тебе. Со таква претпазливост зачувај ја душата од погубителни соблазни. ”

Синот го прими советот во срцето и среќно поживеа.

Извор:  http://www.stprohor.org.au/